Асоцијацијата на ивент индустријата ИВАП се залага за создавање на дефинирани, профитабилни и одржливи компании. Ќе настапуваме во одбрана на креативната слобода и вредноста на нашата работа, со законско покритие што ќе го намали влезот на непрофесионални компании и ќе обезбеди сигурност за клиентите во секторите – членки на ИВАП. Ќе се стремиме кон oлеснување и унапредување на работата со цел да се зголемат и подобрат нашите резултати. Нашите заложби се ефикасно остварување на интересите на сите наши членови, унапредување на работата, развој на регулаторната рамка за вршење на дејноста, делување според принципите на взаемност, професионалност, општествена одговорност и развивање на високи етички стандарди на струката. Заштита на заедничките интереси на сите членки ни е примарна, како и подобрувањето и зголемувањето на продуктивноста на делувањето, обезбедување на еднакви пазарни услови во однос на другите дејности, со почитување на начелата на самостојност, независност во работењето и слободно пазарно работење без ограничување на конкуренцијата во оваа гранка. „За поголема почит и вредност на нашата индустрија“. Заедно ќе постигнеме!