Основачко собрание

Основачкото собрание на Асоцијацаијата на ивент индустријата беше одржано со сите превентивни заштитни мерки, како што доликува на сериозни и одговорни компании. Асоцијацијата ИВАП е тело во кое се здружуваат голем број на компании кои се занимаваат со различни но компатибилни дејности во функција на индустријата за организација на настани. Тоа се организатори на настани, изнајмување на опрема, тв и видео продукции, аудио продукции, приватни културни компании, техничка поддршка за истите. Во организација на еден настан (концерт, конгрес, фестивал, семинар, митинг, свадба, спортски манифестации, корпоративен или било кој друг настан) се вклучени голем број на субјекти и сите тие придонесуваат за успех за настанот. Факт е дека еден без друг не можеме, дека треба и мора да соработуваме и да ги детектираме предизвиците и истите да ги совладуваме.

  [metaslider id=”1957″]