Концертите, театарските и оперски претстави и сите јавни културни и забавни настани повеќе од три месеци се замрзнати кај нас. Освен уметниците и музичарите, од кризата која ја донесе коронавирсот, губат компаниите за организирање настани. „Нашиот бизнис е пред колапс“, велат од Асоцијата на Ивент индустријата ИВАП, која ја сочинуваат околу 40 фирми кои на различен начин се вклучени во организирање на забавните и културни настани. Велат дека како искусни професионалци уште пред речиси еден месец изготвиле и доставиле детален протокол за одржување на настани, која ја доставиле до Владата. „За разлика од кај нас, настаните во регионот непречено се одвиваат а СЗО на 29 мај публикуваше документ во кој препорачува одржување на настани на отворено“, велат од Асоцијацијата. За страдањето на забавната индустрија во време на пандемијата и за плановите како би се одвивале концертите и настаните во иднина, за Женски магазин раскажа Маја Бабиќ, менаџер на настани од „Баги комуникации“ и претседател на ИВАП.
*Кој е иницијатор за отварање на ИВАП и кои фирми се дел од неа?
– Можам слободно да кажам дека главен иницијатор за ИВАП е пандемијата. Всушност, оваа криза ни покажа дека во вакви моменти настапувањето здружено е клучно. Сите ние постоиме и работиме на овој простор, најчесто соработуваме меѓу себе, се познаваме, но никогаш не сме размислувале за здружување. Дури и да имало обиди, завршувале без успех. Кризата ни покажа дека за да можеме да се бориме за некоја цел, мора да настапуваме здружено. Така почнаа и разговорите за формирање на Асоцијација. Можеби допринесе и тоа што имавме повеќе слободно време од вообичаено па можевме да се посветиме на ова прашање. Не беше едноставно ниту лесно. Овие неколку месеци ги поминавме во многу комуникација, разговори, онлајн состаноци за на крај да се создаде Асоцијацијата на ивент индустријата. ИВАП е кратенка од ивент, видео, аудио и поддршка. Се обидовме да создадеме сојуз од компании кои го сочинуваат процесот на создавање на еден настан. Сега за сега сме 40 компании но се разбира дека сме отворени и очекуваме и останатите компании да ни се придружат. Не се ограничуваме само на одредени настани, буквално секоја фирма која е дел од еден настан е добредојдена. Во блиска иднина ќе се вклучат и физичките лица кои се огромен дел од оваа индустрија, како фриленсери, и кои во оваа криза се најдоа како најнезаштитени. Можеби кризата ја создаде ИВАП но главната работа доаѓа дури сега. Свативме дека има огромен број на нерегулирани прашања во нашата дејност, големи недоречености и простор за различни толкувања. Затоа, главната работа на ИВАП ќе биде конечно регулирање на ивент индустријата што ќе биде од корист и за компаниите но и за оние кои ги користат нашите услуги.
* Кој точно начин за враќање на забавните настани го предложивте до Владата, по кој протокол за заштита би се одвивале?
– ИВАП е составен од искусни и врвни професионалци со долгогодишно искуство во организацијата на настаните. Согласно тоа, ние уште пред еден месец предложивме протокол по кој би се одвивале јавните настани. Истиот го доставивме до надлежните институции. Исто така доставивме и други барања како што се мерки кои ќе помогнат за ревитализација на оваа индустрија по отворањето, од кои придобивка ќе имаат не само нашите компании туку и останатите вклучени учесници, како артистите на пример. Протоколите кои ги составивме се во насока на заштита на здравјето на публиката но и на самите организатори. Секако дека ќе има многу ограничувања, капацитетите ќе бидат намалени, дека во голема мера ќе се усложни процесот на одвивање на еден настан, но мора да се прилагодиме на новото нормално.
Забавната индустрија ќе биде најголемиот губитник од пандемијата: Маја Бабиќ за иницијативата за враќање на културните настани

Новости
Јавен повик за доделување на финансиска поддршка
14/05/2021Јавен повик за финансиска поддршка за индустријата
22/04/2021ПРОТОКОЛ
20/08/2020