» За ИВАП

Асоцијацијата на ивент индустријата ИВАП е основана во 2020 година од повеќе компании вклучени во индустријата за организација на настани, рентал компании, видео-аудио продукции и поддршка на истите.

Глобалната криза со Ковид 19 пандемијата ја наметна идејата за заедничко здружување и изнаоѓање на модели за справување и решавање на економските проблеми што се наметнаа и во нашата земја, но беше и иницијатива за заштита на заедничките и индивидуалните интереси, за нашите законски, финансиски и креативни права, како и колективни амбиции.

Како професионалци во индустријата за организација на настани, ние ја сакаме нашата професија и сакаме таа да биде препознаена како и нејзиниот економски потенцијал, сериозноста. Со заедничка соработка, ние можеме да им помогнеме на нашите членови и нивните клиенти да ги надминат предизвиците, да воспостават иницијативи за решавање на проблемите и да работиме заедно за да развиеме повеќе можности за нашата индустрија

Ќе промовираме креативност, ќе поставуваме нови стандарди и формати, ќе вклучуваме нови членови, ќе разменуваме искуства, ќе развиваме стратегии и заложби за интеграција на европските процеси за развој и напредок во секој сектор.

Членовите на ИВАП делуваат на одговорен, професионален и конструктивен начин. Се обврзуваат да ги почитуваат етичките и други кодекси на самодисциплина и одговорност, како и законските регулативи предвидени во Статутот на ИВАП. 

Во моментов Асоцијацијата на ивент индустријата ИВАП брои 38 членови, но се стремиме да бидеме многу повеќе за да бидеме присутни низ целата земја.

ИВАП ќе биде вашиот комуникатор, мултипликатор и контакт за интересите на сите членови.