ПРОТОКОЛ

За начинот и условите за организација на настани

ОПШТ ДЕЛ
  • настаните да се организираат и одржуваат на отворено;
  • задолжително е носењето на лична заштита на лицето на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, согласно член (2) од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од Коронавирусот COVID-19 и заштита на населението за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 107/20);
  • задолжително одржување на физичко растојание од 1,5 метри на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, при влез и излез од настаните, а се препорачува физичко растојание од 1,5 метри на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација во текот на реализација на настанот;
  • задолжителна дезинфекција на раце на влез на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација;
  • препорачана зачестена дезинфекција на раце на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, за целото времетраење на настанот;
  • засилени санитарно-хигиенски мерки, редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење со употреба на средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) за подот или 70% алкохол за дезинфекција за горните површини.
  • задолжително присуство на редарска служба која ќе го контролира спроведувањето на горенаведените мерки;
  • Организаторот има право да го отстрани секој посетител на настанот кој не ги почитува мерките дефинирани во Протоколот
ЗА ПУБЛИКАТА
  • Настаните да се организираат со максимум 50% публика од бруто капацитетот на местото предвидено за публика, на локацијата каде што ќе се одржува настанот;
  • За настаните на отворено да се овозможи соодветен простор за физичко растојание на посетителите;
  • На настани каде има предвидено седење на публиката, да се овозможи седење на седишта, поставени на соодветно растојание од 1,5 метар помеѓу нив;
  • Зголемување на времетраењето потребно за влез и излез на посетителите;
  • Регулирање на препорачаното растојание помеѓу посетителите при влез и излез, од страна на организаторот, преку спроведување на коридорски систем на движење на публиката;
  • Се препорачува електронска набавка на билети. Доколку е потребно да има билетара и физичко продавање на влезници, се препорачува растојание од 1 м меѓу благајникот и купецот, како и физичко оградување на билетарата со соодветен стаклен(плексиглас) параван. Препораката е плаќањето да се изврши со користење на безконтактни платежни картички. Се препорачува бесконтактно набавување на влезници;
  • Задолжително носење на маска за секој посетител – влезот нема да биде дозволен без маски;
  • Задолжителна дезинфекција на раце, на влез, за секој посетител;
  • Задолжително мерење на температура на влез, за секој посетител;
ЗА ОРГАНИЗАТОРИТЕ
  • Сите членови од тимот да бидат опремени со заштитна опрема;
  • Обезбедување на средства за дезинфекција и нивно постојано користење за време на настанот;
  • Задолжително мерење на температура на членовите на тимот и учесниците;
  • Намалување на бројот на тимот кој ќе има контакт со изведувачите или учесниците на настанот;
  • Намалување на бројот на тимот кој ќе циркулира помеѓу посетителите;
  • Обезбедување на соодветен простор за физичко растојание и престој на учесниците пред, за време и по настанот;
  • Зголемување на просторот помеѓу бината и првите редови на посетителите;
  • Зголемување на димензиите на бината за овозможување на доволна физичко растојание на учесниците;
  • Дезинфекција на микрофони и бинска опрема, ако нема услови секој изведувач да добие свој микрофон;
  • Обезбедување на поголем простор за миксетата и останата техничка опрема кога треба да биде поставена во делот кај публиката и обезбедување на физичко растојание помеѓу тимот и публиката;
  • Продажбата на пијалаци и храна е дозволена, но под строго утврдени мерки. Се препорачува продажба на пакувани пијалоци и храна. Засилени санитарно-хигиенски мерки, редовно и зачестено одржување на хигиената во продажниот простор, растојание од 1 м меѓу продавачот и купецот, како и физичко оградување на продажниот простор со соодветен стаклен(плексиглас) параван.
  • Доколку просторот за организација на настанот овозможува, претставниците на акредитираните медиуми ќе имаат посебен влез и посебно место за лоцирање;

Доколку не, за нив важат истите насоки како и за публиката;

  • Доколку настанот побарува присуство на претставници на Министерството за внатрешни работи, за нив важат правилата за употреба на заштитна опрема;
  • Обезбедување на заштитна опрема доколку постои физичка продажба на билети на влезот на настанот;
  • Потсетување на посетителите на мерките на претпазливост и држење растојание пред почеток на настанот на видео бим (доколку има) или со снимен говор преку системот за озвучување;
  • Сите членови на физичкото обезбедување да бидат опремени со заштитна опрема (маски, ракавици, визири);
  • Задолжително објавување на мерките на сите ПР и маркетинг материјали за настанот како и објави на социјалните мрежи;
  • За филмските продукции доколку настанот се снима или има потреба за пренос во живо:
    • Поставување на камери и сниматели кои управуваат со истите на точно позиционирани места претходно одредени со најмало растојание од 3 до 5 метри;
    • Режискиот пулт да биде поставен надвор и независно од сцената за изведба;
    • Се препорачува при снимање да се користи опрема од типот на кран како најбезбедна опција за пренос на слика од публика или оркестар.