Јавен повик за финансиска поддршка за индустријата и операторите за организација на настани со задолжително ангажирање домашни изведувачи за реализација на настани на теми со кои се одбележува 30 години независност на Северна Македонија
Јавен повик за финансиска поддршка за индустријата и операторите за организација на настани со задолжително ангажирање домашни изведувачи за реализација на настани на теми со кои се одбележува 30 години независност на Северна Македонија
Институција која огласува: Влада на Република Северна
МакедонијаРок на пријавување: 11.05.2021
Врз основа на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година и врз основа на петтиот пакет економски КОВИД-19 антикризни мерки, Владата на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат објавува:
ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка за индустријата и операторите за организација на настани со задолжително ангажирање домашни изведувачи за реализација на настани на теми со кои се одбележува 30 години независност на Северна Македонија, во периодот јуни – септември 2021
Владата на Република Северна Македонија објавува повик за финансиска поддршка за индустријата и операторите за организација на настани во рамки на петтиот пакет економски мерки за закрепнување на македонската економија и за излез од КОВИД-19 економската криза. Повикот има цел да обезбеди финансиска поддршка за економска дејност и заживување на економските активности на оваа гранка, преку обезбедување буџет за организација на јавни настани, преку ангажирање домашни артисти, изведувачи и подизведувачи.
01. Тематска област на која ќе се реализираат настаните: 30 години независност на Северна Македонија со одбележување и промоција на различните белези на државноста и на општеството и тоа:
Најважните историски случувања поврзани со државноста, независноста и развојот на нашата држава (Илинден, НОБ, АСНОМ, Референдум за независност, Охридски рамковен договор, Договор од Преспа и Членство во НАТО);
Македонската култура и традиција претставени преку идентитетските специфики на македонскиот народ и преку промоција на македонскиот јазик;
Културата и традицијата на албанскиот народ во Северна Македонија и промоција на албанскиот јазик;
Културата и традицијата на Турците, Ромите, Власите, Србите, Бошњаците и сите други заедници кои живеат во Северна Македонија и јазиците кои се зборуваат во Северна Македонија;
Европските и евроатлантските стратешки определби на државата;
Мултикултурниот карактер на општеството, мозаикот на различности и интеркултурниот дијалог;
Културно-историски локалитети и други аспекти од културното наследство на Северна Македонија;
Дејноста и делата на истакнати домашни дејци и автори во сферата на творештвото, културата, уметноста, литературата, музиката, образованието, науката, спортот и други истакнати личности кои имаат директен придонес во развојот на државноста или придонеле во создавањето или зачувувањето на културното наследство.
02. Вид на правни субјекти кои можат да аплицираат на повикот: На повикот можат да се пријават правни субјекти согласно Закон за трговски друштва, регистрирани според следниве шифри и дејности (се однесува на оператори од индустријата за организација на настани, продукциски куќи, агенции кои организираат настани и др.): 90.04, 90.02, 90.01, 82.30, 77.39, 74.20, 73.11, 59.20, 59.11, 47.43, 46.52, 26.40.
03. Вид на активности што ќе бидат поддржани: Средствата предвидени за овој повик ќе се користат за финансирање на правните субјекти кои организираат јавни настани со што меѓу другото ќе се ангажираат и домашни изведувачи, едукатори, културни работници, уметници, музичари и други професии од индустријата за организација на настани.
Преку повикот ќе се обезбеди финансиска поддршка за:
секаков тип јавни настани (манифестации, перформанси, одбележувања, свечености, фестивали, концерти, проекции, изведби, работилници, изложби, претстави, конференции, сесии, спортски и друг тип настани од јавен карактер);
настаните кои се наменети за широки и специфични домашни публики, при што содржината треба да биде достапна до што е можно поголем број граѓани (директно и преку традиционалните и новите медиуми);
за создавање на содржината на настаните задолжително се ангажираат домашни подизведувачи и изведувачи, културни работници, уметници, музичари, едукатори и други професии од оваа индустрија.
Финансиските средства од оваа програма, а со тоа и активностите кои ќе бидат поддржани со оваа програма може да бидат реализирани исклучиво за намената предвидена со овој јавен повик. Истите не се предвидени и не смее да бидат предвидувани за информирање и запознавање на јавноста со услуги или активности на било кои државни и локални институции преку приватни радиодифузери, согласно член 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
04. Висина на финансиските средства: Вкупниот буџет изнесува 61.500.000,00 денари (со вклучен ДДВ). Од определениот буџет, согласно предвидените трошоци за реализација на предложените настани, ќе се поддржат три типови проекти/настани:
Голем проект – настан или серијал од настани со вкупен буџет до 60.000 еур со вклучен ДДВ (ќе бидат поддржани најмалку 10 големи проекти);
Среден проект – настан или серијал од настани со вкупен буџет до 20.000 еур со вклучен ДДВ (ќе бидат поддржани најмалку 10 средни проекти);
Мал проект – настан или серијал од најмногу три (3) настани со вкупен буџет до 10.000 еур (ќе бидат поддржани најмалку 20 мали проекти).
05. Временска рамка и начин на финансирање: Финансиската поддршка ќе се реализира низ три транши, за период на спроведување на проектите од 1 јуни до 30 септември 2021 година. Првата транша (30%) ќе се исплати во рок од 10 дена од потпишување на договорите со примателите на финансиската поддршка, втората транша (40%) ќе се исплати најмногу 5 дена пред реализација на настанот и третата транша (30%) после реализација на настанот и после доставен и одобрен извештај за реализација, но не подоцна од 15 дена после одобрување на извештајот (наративен и финансиски извештај според форма која добитниците ќе ја добијат заедно со договорот). Доколку организаторот на настанот ги прекрши ковид-протоколите, нема да се исплати последната транша од средствата. Доколку организаторот прекрши и други основни услови за организирање на настанот, Владата го задржува правото да бара целосен поврат на средствата. Владата ќе им препорача на сите апликанти кои ќе добијат финансиска поддршка, сумата од првите две авансни транши, рамномерно да ја распределат и со изведувачите и подизведувачите за чии ангажмани се предвидени средства во одобрениот буџет на проектот.
06. Правила за аплицирање:
Настаните треба да се од јавен интерес согласно темата и областите зададени во повикот. Темата на повикот е: „30 години независност на Северна Македонија со одбележување и промоција на различните белези на државноста и на општеството”;
Едно правно лице може да аплицира со најмногу две (2) пријави, во најмногу две (2) различни категории, но може да му биде одобрена само една од пријавите;
За имплементацијата на настаните задолжително треба да се ангажираат исклучиво домашни изведувачи и подизведувачи. Странски изведувачи и подизведувачи во рамки на овој повик и за настаните поддржани од оваа програма не може да бидат ангажирани;
Апликантот треба да прикаже пад од најмалку 40% на приходите во 2020 година споредено со 2019 година, при што висината на падот на приход е една од категориите за бодување на пристигнатите пријави, односно повисок пад на приход ќе значи и повеќе бодови за апликантот. (Падот на приход се докажува со приложување завршна сметка за 2019 и 2020 година);
Еден артист/изведувач и еден подизведувач (правно или физичко лице) може да биде предложен во повеќе пријави за настани, но таа бројка не смее да е поголема од седум (7). Во случај еден артист/изведувач или еден подизведувач да се појави во повеќе од седум (7) пријави, истиот ќе биде дисквалификуван од учество на сите одобрени настани, a носителите на пријавите ќе имаат можност да определат и приложат соодветна замена, пред да започне процесот на бодување. Целта на ова ограничување е да се оневозможи монополизирање на услугите, настапите и финансирањето во рамки на изведувачите и подизведувачите;
Секој апликант – организатор на настан мора да прикаже: договор за соработка или меморандум за разбирање со еден или повеќе домашни изведувачи, договор за соработка или меморандум за разбирање со еден или повеќе подизведувачи и договор за соработка или меморандум за разбирање со еден или повеќе медиуми или дигитални платформи (традиционални или нови медиуми);
За предлозите за настани кои вклучуваат публика со физичко присуство, апликантот задолжително треба да приложи План за спроведување на КОВИД-19 протоколи кој вклучува начин на организација на редарска служба;
Двојно државно финансирање е забрането – за проектите/настаните за кои правните субјекти аплицираат, не е дозволено да добиле средства од било која друга државна или локална институција, не е дозволено да имаат активна пријава за средства за која очекуваат одговор од било која друга државна или локална институција и доколку проектот биде одобрен за истиот не е дозволено во иднина да поднесуваат пријави за средства до било која друга државна или локална институција;
Апликантот треба да ги има подмирено сите обврски кон државата (се докажува со потврда од Управата за јавни приходи за платени јавни давачки за 2020 година, согласно закон);
Пријавите со нецелосна документација или пристигнати после истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат;
Правни лица основани во 2021 година немаат право на учество;
Правното лице не смее да е со отворена постапка за стечај и отворена постапка за ликвидација (овие информации Владата самостојно ќе ги обезбеди за секој од апликантите и за нив не е потребно да се доставуваат потврди);
На правното лице не смее да му се изречени следните казни и санкции од Регистарот за казни (овие информации Владата самостојно ќе ги обезбеди за секој од апликантите и за нив не е потребно да се доставуваат потврди):
споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност (со правосилна пресуда);
Доставените пријави и прилози не се враќаат.
07. Правила за организирање на настаните:
Сите настани задолжително се организираат строго според официјалните протоколи за заштита од КОВИД-19 кои ќе бидат активни на денот на реализација на настанот. Прекршувањето на овие правила ќе предизвика правни и финансиски санкции;
Настаните не смеат да содржат говор на омраза, национализам, хомофобија, ксенофобија, антиваксерство, иридентизам. Прекршувањето на овие правила ќе предизвика правни и финансиски санкции;
Организаторот треба задолжително да предвиди три предлог датуми за реализација на својот настан (односно за секој од настаните во рами на својот предлог проект) во три различни месеци во периодот јуни – септември. Организаторот треба да наведе преференца за секој од предложените три датуми, односно да ги обележи датумите со прв, втор и трет избор. Организаторот треба да е согласен и подготвен настанот да го реализира на било кој од трите предложени датуми, а за изборот на датумот за реализација ќе биде известен врз основа на севкупниот календар на настани за реализација на оваа програма, подготвен од страна на Владата и искомунициран со секој од организаторите непосредно пред потпишувањето на договорите;
При организација на настаните кои предвидуваат публика со физичко присуство, организаторот задолжително треба да организира билетски систем на учество на публиката, при што цените на билетите треба да се симболични и прифатливи за широката јавност, односно меѓу 0 и 200 денари за настаните од големите проекти, меѓу 0 и 150 денари за настаните од средните проекти и меѓу 0 и 100 денари за настаните од малите проекти;
Организаторот смее во соработка со медиумските партнери да покани трети лица како партнери во проектот и да користи нивно спонзорство (со исклучок на државните институции), но учеството на таквото спонзорство не смее да ги загрози основните правила за организирање на настаните;
Организаторот задолжително треба да ги почитува правилата кои се однесуваат на визуелниот идентитет и на графичките стандарди на одбележувањето „30 години независност на Северна Македонија” кои ќе бидат подготвени од страна на Владата. Овие правила нема да влијаат врз содржината на настаните, но организаторот има обврска на видлив начин да го прикаже визуелниот идентитет на програмата како примарен.
08. Оценување на пристигнатите пријави: Предложените настани ги оценува комисија во која членуваат три лица од редот на вработените во Владата. При оценувањето на содржинскиот дел од пријавите, членовите на комисијата задолжително ќе го земат предвид стручното мислење на двајца надворешни членови кои се стручни во областа на организација на настани и продукција на јавни содржини.
Области и критериуми за оценување: А) Организациски капацитет
организациска структура, ресурси и искуство неопходни за спроведување на предложениот настан;
Б) Пад на приход за 2020 година споредено со 2019 година (оваа област нема да се примени при оценувањето на правните субјекти основани во 2020 година); В) Буџетско планирање, пропорционалност и рационалност на трошоците
искуство во спроведување буџети во обемот за кој се аплицира, план за трошоци и негова соодветност на предложените активности;
Г) Квалитет на содржината на предложениот проект
Квалитет на содржината на настанот и колку е во согласност со темата и дефинираните цели, избор на изведувачи и подизведувачи и нивни капацитет да ја спроведат предложената програма, обем (број и структура) на публика до која организаторот планира да достигне и план за реализација на проектираниот досег.
09. Задолжителна документација за аплицирање:
Целосно пополнети Пријава и Формулар со предлог-проект за финансиска поддршка за јавен настан – едно правно лице може да аплицира со најмногу две (2) пријави односно два предлог-проекти, во најмногу две (2) различни категории, но може да му биде одобрена само една од пријавите (може да се преземе од www.vlada.mk/oglasi – Пријава, Формулар, Буџетска табела);
Листа на домашни изведувачи и подизведувачи. Заедно со листата, се доставуваат и договор/и за соработка или меморандум/и за разбирање со еден или повеќе домашни изведувачи односно со сите изведувачи предвидени во проектот, како и договор/и за соработка или меморандум/и за разбирање со сите подизведувачи со кои апликантот планира да го реализира проектот;
Портфолио односно листа со краток опис на реализирани настани од ист или сличен тип организирани од страна на правното лице, поткрепени со активни линкови до интернет објави на кои може да се види дека јавните настани се претходно реализирани и на кои може да се видат основните специфики на реализираните настани;
План за публики – план со проектиран обем (број и структура) на публики (офлајн и/или онлајн) до кои организаторот планира да достигне и начин на остварување на проектираниот досег до публики;
Договор/и за соработка (или меморандум/и за разбирање) со еден или повеќе медиуми или дигитални медиумски платформи (традиционални или нови медиуми);
Копија од тековна состојба од уписот во регистарот на други правни лица за регистрација на правното лице не постара од шест месеци; (може да се аплицира електронски или директно во Централен регистар);
Копија од завршната сметка (биланс на состојба и биланс на успех) за 2020 година и копија од завршна сметка (биланс на состојба и биланс на успех) за 2019 година.
Потврда од Управата за јавни приходи за платени јавни давачки за 2020 година согласно закон (може да се преземе електронски или директно во Управата за јавни приходи);
За предлозите за настани кои вклучуваат публика со физичко присуство апликантот задолжително треба да приложи План за спроведување на КОВИД-19 протоколи кој вклучува начин на организација на редарска служба;
Листинг на вработени – преглед на пријави/одјави во задолжително социјално осигурување за деловен субјект (барањето може да се преземе во Агенцијата за вработување или електронски преку порталот на АВРСМ);
Оригинал од писмена изјавазаверена на нотар од страна на одговорното лице на правниот субјект, дека барателот под морална, материјална и кривична одговорност гарантира за точноста и веродостојноста на наведените податоци во пријавата и за поднесената документација, вклучително и дека апликантот за истиот проект/настан не добил средства од било која друга државна или локална институција, и нема активна пријава за средства за која очекува одговор од било која друга државна или локална институција и доколку проектот/настанот биде одобрен за истиот во иднина нема да поднесува пријави за средства до било која друга државна или локална институција; (пример за изјавата може да се преземе на www.vlada.mk/oglasi).
10. Начин и рок за аплицирање: Јавниот повик и обрасците за Јавниот повик за финансиска поддршка за индустријата и операторите за организација на настани се достапни на www.vlada.mk/oglasi.
Пополнетите обрасци се доставуваат во еден оригинален примерок заверен и потпишан од страна на одговорното лице на субјектот заедно со потребната документацијата согласно овој јавен повик. Пријавата и Формуларот заедно со целосната документација се доставува во затворен плик преку пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат, бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје или преку предавање во архивата на Владата секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот. На предната страна на пликот во горниот лев агол да пишува „НЕ ОТВОРАЈ”, а под тоа „За јавен повик за финансиска поддршка за индустријата и операторите за организација на настани”. Барањата кои нема да ги содржат бараните податоци на овој јавен повик, ќе се сметаат за некомплетни и нема да се разгледуваат. Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 11 мај 2021 година, 16:00 часот.
За дополнителни информации барателите може да се обратат на е-пошта konkursi@vlada.gov.mk
Јавен повик за финансиска поддршка за индустријата и операторите за организација на настани со задолжително ангажирање домашни изведувачи за реализација на настани на теми со кои се одбележува 30 години независност на Северна Македонија
Институција која огласува: Влада на Република Северна
МакедонијаРок на пријавување: 11.05.2021
Врз основа на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година и врз основа на петтиот пакет економски КОВИД-19 антикризни мерки, Владата на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за финансиска поддршка за индустријата и операторите за организација на настани со задолжително ангажирање домашни изведувачи
за реализација на настани на теми со кои се одбележува
30 години независност на Северна Македонија, во периодот јуни – септември 2021
Владата на Република Северна Македонија објавува повик за финансиска поддршка за индустријата и операторите за организација на настани во рамки на петтиот пакет економски мерки за закрепнување на македонската економија и за излез од КОВИД-19 економската криза. Повикот има цел да обезбеди финансиска поддршка за економска дејност и заживување на економските активности на оваа гранка, преку обезбедување буџет за организација на јавни настани, преку ангажирање домашни артисти, изведувачи и подизведувачи.
01. Тематска област на која ќе се реализираат настаните: 30 години независност на Северна Македонија со одбележување и промоција на различните белези на државноста и на општеството и тоа:
02. Вид на правни субјекти кои можат да аплицираат на повикот: На повикот можат да се пријават правни субјекти согласно Закон за трговски друштва, регистрирани според следниве шифри и дејности (се однесува на оператори од индустријата за организација на настани, продукциски куќи, агенции кои организираат настани и др.): 90.04, 90.02, 90.01, 82.30, 77.39, 74.20, 73.11, 59.20, 59.11, 47.43, 46.52, 26.40.
03. Вид на активности што ќе бидат поддржани:
Средствата предвидени за овој повик ќе се користат за финансирање на правните субјекти кои организираат јавни настани со што меѓу другото ќе се ангажираат и домашни изведувачи, едукатори, културни работници, уметници, музичари и други професии од индустријата за организација на настани.
Преку повикот ќе се обезбеди финансиска поддршка за:
Финансиските средства од оваа програма, а со тоа и активностите кои ќе бидат поддржани со оваа програма може да бидат реализирани исклучиво за намената предвидена со овој јавен повик. Истите не се предвидени и не смее да бидат предвидувани за информирање и запознавање на јавноста со услуги или активности на било кои државни и локални институции преку приватни радиодифузери, согласно член 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
04. Висина на финансиските средства:
Вкупниот буџет изнесува 61.500.000,00 денари (со вклучен ДДВ). Од определениот буџет, согласно предвидените трошоци за реализација на предложените настани, ќе се поддржат три типови проекти/настани:
05. Временска рамка и начин на финансирање:
Финансиската поддршка ќе се реализира низ три транши, за период на спроведување на проектите од 1 јуни до 30 септември 2021 година. Првата транша (30%) ќе се исплати во рок од 10 дена од потпишување на договорите со примателите на финансиската поддршка, втората транша (40%) ќе се исплати најмногу 5 дена пред реализација на настанот и третата транша (30%) после реализација на настанот и после доставен и одобрен извештај за реализација, но не подоцна од 15 дена после одобрување на извештајот (наративен и финансиски извештај според форма која добитниците ќе ја добијат заедно со договорот).
Доколку организаторот на настанот ги прекрши ковид-протоколите, нема да се исплати последната транша од средствата. Доколку организаторот прекрши и други основни услови за организирање на настанот, Владата го задржува правото да бара целосен поврат на средствата.
Владата ќе им препорача на сите апликанти кои ќе добијат финансиска поддршка, сумата од првите две авансни транши, рамномерно да ја распределат и со изведувачите и подизведувачите за чии ангажмани се предвидени средства во одобрениот буџет на проектот.
06. Правила за аплицирање:
07. Правила за организирање на настаните:
08. Оценување на пристигнатите пријави:
Предложените настани ги оценува комисија во која членуваат три лица од редот на вработените во Владата. При оценувањето на содржинскиот дел од пријавите, членовите на комисијата задолжително ќе го земат предвид стручното мислење на двајца надворешни членови кои се стручни во областа на организација на настани и продукција на јавни содржини.
Области и критериуми за оценување:
А) Организациски капацитет
Б) Пад на приход за 2020 година споредено со 2019 година (оваа област нема да се примени при оценувањето на правните субјекти основани во 2020 година);
В) Буџетско планирање, пропорционалност и рационалност на трошоците
Г) Квалитет на содржината на предложениот проект
09. Задолжителна документација за аплицирање:
10. Начин и рок за аплицирање:
Јавниот повик и обрасците за Јавниот повик за финансиска поддршка за индустријата и операторите за организација на настани се достапни на www.vlada.mk/oglasi.
Пополнетите обрасци се доставуваат во еден оригинален примерок заверен и потпишан од страна на одговорното лице на субјектот заедно со потребната документацијата согласно овој јавен повик.
Пријавата и Формуларот заедно со целосната документација се доставува во затворен плик преку пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат, бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје или преку предавање во архивата на Владата секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.
На предната страна на пликот во горниот лев агол да пишува „НЕ ОТВОРАЈ”, а под тоа „За јавен повик за финансиска поддршка за индустријата и операторите за организација на настани”.
Барањата кои нема да ги содржат бараните податоци на овој јавен повик, ќе се сметаат за некомплетни и нема да се разгледуваат.
Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 11 мај 2021 година, 16:00 часот.
За дополнителни информации барателите може да се обратат на е-пошта konkursi@vlada.gov.mk
Превземи документи:
Формулар
Пријава
Буџетска табела
Пример од писмена изјава заверена на нотар
Новости
Јавен повик за доделување на финансиска поддршка
14/05/2021Јавен повик за финансиска поддршка за индустријата
22/04/2021ПРОТОКОЛ
20/08/2020